Што е ПроКредит бизнис академија?
ПроКредит бизнис академијата е проект со кој ПроКредит Банка овозможува нефинансиска поддршка на локалните бизниси преку бесплатна професионална едукација за сопствениците/управителите на мали и микро претпријатија коишто имаат амбиција за раст и развој.
Препознавајќи го потенцијалот на малите претпријатија, со оваа академија сакаме да ги поддржиме храбрите претприемачи на коишто им е потребен пристап до знаење и практични совети за да го направат следниот голем чекор.
Ова е второ издание на ПроКредит Бизнис Академијата во Македонија, по успешната реализација на првата генерација учесници во 2025 година.
Позитивните резултати и интересот за програмата придонесоа концептот на Академијата оваа година да биде прифатен и имплементиран и во уште две земји од ПроКредит групацијата – Србија и Босна и Херцеговина, со што ПроКредит Бизнис Академијата прераснува во регионална иницијатива за поддршка и развој на малите и средни претпријатија.
Академијата е креирана за градење клучни претприемачки вештини и се состои од три практични модули: Интерно претприемништво, Финансии и Продажба. Покрај работилниците во живо, учесниците ќе добијат пристап и до дополнителни онлајн едукативни содржини преку платформата ProConnect, како и две специјализирани онлајн сесии посветени на дигитализација и примена на вештачка интелигенција (AI) во бизнисот.
Модулите ќе се реализираат во соработка со врвни експерти и консултанти кои имаат долгогодишно искуство во работа со мали претпријатија за подобрување и унапредување на нивниот бизнис преку надминување на предизвиците со кои се соочуваат.
Учеството на Бизнис академијата е без финансиски надомест, како дел од континуираната инвестиција на ПроКредит Банка за градење вештини и капацитети кај локалните претприемачи. Сите заинтересирани можат да аплицираат до 03 септември 2026, а потоа во процесот на селекција ќе се одберат 90 учесници кои ќе се приклучат на втората ПроКредит бизнис академија.
Што сѐ ти нуди оваа бизнис академија?
Практична и професионална едукација без финансиски надомест
Пристап до интерактивни работилници предводени од искусни професионалци. Структурата на едукацијата е базирана на искуствено учење, односно, трансформирање на практични искуства во ефективно и корисно знаење. Покрај работилниците во живо, учесниците ќе добијат пристап и до дополнителни онлајн содржини преку платформата ProConnect, како и специјализирани сесии посветени на дигитализација и примена на вештачка интелигенција (AI) во бизнисот. Проектот е целосно финансиран од ПроКредит Банка и сите учесници можат да се вклучат без финансиски надомест.
Вмрежување и консултантска поддршка
Можност да воспоставиш плодна комуникација и размена на знаења со други сопственици на мали бизниси, како потенцијал за стекнување нови партнерства, соработки и нови можности. Ќе имаш пристап до експерти, ментори и консултанти кои ќе ти овозможат поддршка и советување за развој на твојот бизнис. Дополнително, ќе имаш можност да разменуваш искуства и идеи со други претприемачи и менаџери кои се соочуваат со слични предизвици и можности за раст.
Дополнителна финансиска едукација и менторска поддршка
Работилниците ќе ти помогнат да носиш информирани одлуки за управување со тековните средства и да правиш стратегии за инвестирање. Дополнително, ќе добиеш практични алатки и шаблони за финансиско планирање, што ќе ти помогне да го подобриш управувањето со ресурсите. Најактивните 10% од учесниците ќе добијат можност за индивидуална менторска поддршка преку две посебни сесии насочени кон решавање на конкретни деловни предизвици и забрзување на растот на нивниот бизнис.
Модули
Академијата ќе се реализира во периодот септември – октомври 2026 година преку три модули, а секој модул ќе трае еден работен ден.
Модулите ќе се одржат во просториите на Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје.
По завршувањето на академијата сите учесници ќе добијат сертификат.
Запознај се со темите кои ќе се обработуваат во рамки на секој модул.
Предавачи
Гојко Родиќ - предавач за Продажба
Александар Петровиќ - предавач за Финансии