
Што е ПроКредит бизнис академија?
ПроКредит бизнис академијата е проект со кој ПроКредит Банка овозможува нефинансиска поддршка на локалните бизниси преку бесплатна професионална едукација за сопствениците/управителите на мали и микро претпријатија коишто имаат амбиција за раст и развој.
Препознавајќи го потенцијалот на малите претпријатија, со оваа академија сакаме да ги поддржиме храбрите претприемачи на коишто им е потребен пристап до знаење и практични совети за да го направат следниот голем чекор.
Академијата е креирана за градење клучни претприемачки вештини и се состои од пет модули: Разбирање на финансиски концепти; Продажба за мали бизниси; Развивање на комуникациски вештини и когнитивни рамки; Интерно претприемништво и Дигитална трансформација. Модулите ќе се реализираат во соработка со врвни експерти и консултанти кои имаат долгогодишно искуство во работа со мали претпријатија за подобрување и унапредување на нивниот бизнис преку надминување на предизвиците со кои се соочуваат.
Учеството на Бизнис академијата е без финансиски надомест, како дел од континуираната инвестиција на ПроКредит Банка за градење вештини и капацитети кај локалните претприемачи. Сите заинтересирани можат да аплицираат до 30 март 2025, а потоа во процесот на селекција ќе се одберат 90 учесници кои ќе се приклучат на првата ПроКредит бизнис академија.
Што сѐ ти нуди оваа бизнис академија?
Практична и професионална едукација без финансиски надомест
Пристап до интерактивни работилници предводени од искусни професионалци. Структурата на едукацијата е базирана на искуствено учење, односно, трансформирање на практични искуства во ефективно и корисно знаење. Проектот е целосно финансиран од ПроКредит Банка и сите учесници можат да се вклучат без финансиски надомест.
Вмрежување и консултантска поддршка
Можност да воспоставиш плодна комуникација и размена на знаења со други сопственици на мали бизниси, како потенцијал за стекнување нови партнерства, соработки и нови можности. Ќе имаш пристап до експерти, ментори и консултанти кои ќе ти овозможат поддршка и советување за развој на твојот бизнис.
Дополнителна финансиска едукација
Работилниците ќе ти помогнат да носиш информирани одлуки за управување со тековните средства и да правиш стратегии за инвестирање. Дополнително, ќе добиеш практични алатки и шаблони за финансиско планирање, што ќе ти помогне да го подобриш управувањето со ресурсите.
Модули
Академијата ќе се реализира во периодот април – октомври 2025 година преку пет модули, а секој модул ќе трае еден работен ден во месецот.
Модулите ќе се одржат во просториите на Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје. По завршувањето на академијата сите учесници ќе добијат сертификат.
Запознај се со темите кои ќе се обработуваат во рамки на секој модул.
Предавачи

Гојко Родиќ

Сандра Савановиќ-Стевановиќ

Лариса Спурен-Сариќ

Александар Петровиќ

Момир Ѓекиќ
Како да се пријавиш?
ПроКредит Бизнис академијата е наменета за сопственици или управители на микро и мали бизниси развиени во Македонија, со оперативен период од повеќе од 1 година.
Местата за годинешната Бизнис академија се веќе затворени. Следете не’ и бидете во тек со пријавите за второто издание на ПроКредит Бизнис академијата која ќе се реализира во 2026 година.